Езекиел 12:7-13 MKB

7 Направив како што ми беше наредено: дење ги изнесов моите работи, а ноќе го продупчив ѕидот со рацете, и пред нивните очи во темната ноќ ги ставив работите на рамена.

8 Наутро ми дојде Господовото слово:

9 ”Човечки сине, ако те праша Израелевиот дом, бунтовничкиот дом: ‘Што правиш тоа?’

10 Ти речи му: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ова е пророштво за ерусалимскиот кнез и за сиот Израелев дом што е во Ерусалим.”‘

11 Речи: ‘Јас сум ваш знак! Како што направив јас, така ќе им биде ним: сите ќе треба да се селите на заточение!’

12 Нивниот кнез ќе треба да го стави врзулецот на рамена и да излезе по темна ноќ. Ќе го продупчи ѕидот за да излезе низ него, и лицето ќе го покрие со рацете, за да не ја види земјата.

13 Јас ќе му оптегнам мрежа и ќе се фати во Мојата стапица, и ќе го одведам во Вавилон, во Халдејската земја. Но тој нема да ја здогледа и таму ќе го остави животот.