1 И пак ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине! Пророкувај против оние што се прават пророци во Израел!
3 Речи им на тие пророци што пророкуваат според својата глава: ‘Чујте го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Тешко им на безумните пророци кои што го следат својот дух, а ништо не гледаат!
4 Тие твои пророци Израелу, се како лисици меѓу урнатини.
5 Вие не се искачивте на проломите и не ѕидавте ѕид околу Израелевиот дом, за да се одржи во борба во Господовиот ден.