Езекиел 13:17-23 MKB

17 ”Човечки сине, сврти го своето лице против ќерките на својот народ, кои што пророкуваат според својата глава! Пророкувај против нив:

18 ’Господ, Господ, зборува вака: „Тешко им на оние што везат везови за сечии раце и што прават покривки за глави од секоја големина, за да уловат души! Мислите ли да ги уловите сите души на Мојот народ, а своите души да ги запазите живи?

19 Ми ја одземате честа пред Мојот народ за грст јачмен, за залак леб, убивајќи ги душите што не би требале да умрат, а спасувајќи ги оние што не би требале да живеат; и така го измамувате Мојот народ што со задоволство ги слуша вашите лаги.”

20 Затоа Господ Бог, зборува вака: „Еве Ме против вашите везови, со кои ги ловите душите како птици! Ќе го растргам се тоа во вашите раце и ќе ги ослободам душите што ги фаќате со тоа како птици!

21 Ќе ги искинам вашите покривки и ќе го ослободам Својот народ, за да не биде веќе плен на вашите раце. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!”‘“

22 Зашто вие со лага го ожалостивте срцето на праведникот, што Јас не сакав да го ожалостам, а ги закрепивте рацете на безбожникот, за да не се одврати од лошиот безбожнички пат, па да го спаси животот.

23 Затоа веќе не ќе гледате суетно, ниту ќе пророкувате лага: Јас ќе го ослободам Својот народ од вашите раце. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!’”