Езекиел 16:12-18 MKB

12 ти го украсив носот со прстен, ушите со наушници, а главата ти ја овенчав со најубав венец.

13 И така, сета со сребро и злато се украси, во облека од лен, навезена со вез. За храна ти дадов најубаво брашно, мед и масло. Беше толку убава, прекрасна, слична на царица.

14 Гласот за твојата убавина се рашири меѓу народите зашто ти беше совршена во Мојот накит што го стави на тебе, зборува Господ Бог.

15 Но твојата убавина те занесе, заради својот глас му се предаде на блудството; своето блудство му го нудеше изобилно на секој минувач, негова беше.

16 Од своите облеки правеше шарени високи места и врз нив блудствуваше, што не било никогаш, ниту ќе биде.

17 Ги зеде и сребрените и златни накити, со кои што те украсив Јас, и од нив си направи машки ликови за да блудствуваш со нив.

18 Ги зеде и шарените, везените облеки, за да ги облечеш во нив своите идоли, и ним им ги принесуваше Моето масло и Мојот темјан.