18 Ги зеде и шарените, везените облеки, за да ги облечеш во нив своите идоли, и ним им ги принесуваше Моето масло и Мојот темјан.
19 А лебот што ти го дадов - пченичното брашно, медот и маслото со кои те хранев - ги ставаше пред нив за пријатен мирис. Да, тоа беше така - говори Господ Бог!
20 Ги земаше своите синови и ќерки, што Мене Ми ги роди, и им ги колеше ним за храна. Малку ти беше твоето блудствување,
21 па и Моите деца ги даваше за да ги поминуваат низ оган во нивна чест!
22 Во сите тие гнасности и во своето блудство не си спомна за деновите на твојата младост, кога гола и разголеиа се прпелкаше во твојата крв.
23 И врз сите тие зла - Тешко! Тешко! говори Господ Бог -
24 си изгради за себе блудилиште насекаде, подигна високи места.