Езекиел 16:31-37 MKB

31 На сите челни патишта си подигна блудилишта, насекаде си изгради високи места. Но не како другите блудници, зашто ја презираше блудничката плата,

32 туку како прељубница: место мажот ги примаше странците.

33 На сите блудници им се плаќа, а ти самата ги плаќаше своите љубовници, и уште во своето блудство со дарови ги намамуваше за да ти дојдат отсекаде.

34 Ти беше блудница какви што нема: никој по тебе не трчаше за да блудствува со тебе, туку самата си давала блудничка плата, а тебе не ти ја плаќаа. Поради тоа со тебе стануваше спротивно.”

35 Затоа, развратнице, чуј го Господовото слово:

36 Господ Бог зборува вака: „Зашто ја соблекуваше својата срамота и во блудство ја откриваше својата голота пред сите свои љубовници и пред гнасните идоли, и заради крвта на своите синови што им ги принесуваше ним,

37 еве, ќе ги соберам сите твои љубовници со кои што се насладуваше, сите кои што ги сакаше и ги мразеше, ќе ги соберам отсекаде против тебе и ќе им ја откријам твојата голота за да ја видат целата твоја срамота.