48 Животот Ми Мој - зборува Господ Бог - твојата сестра Содом со своите ќерки не направи што направи ти заедно со своите ќерки.
49 Еве ги беззаконијата на твојата сестра Содом: горделиво, во изобилство на леб и безгрижно живееја таа и нејзините ќерки, а сиромашните и бедните не ги помагаа.
50 Се возгордеаја и правеа гнасности пред Моите очи, и затоа ги сотрев, како што виде!
51 А сестра ти Самарија не направи ни половина од твоите гревови, и така ти направи повеќе гадости, отколку тие двете заедно, оправдувајќи ги своите сестри со своите гадости.
52 Затоа носи го сега срамот на гревот со кој ги оправда своите сестри; заради гревот со кој се огрди повеќе од нив, тие излегоа поправедни. И така, засрами се, и носи го својот срам со кого ги оправда сестрите.
53 Јас ќе ги вратам нивните заробеници, заробениците на Содом и на нејзините ќерки, заробениците на Самарија и на нејзините ќерки; и меѓу нив твоите заробеници,
54 за да го носиш својот срам и за да се засрамиш за сè, што си направила, ним за утеха.