Езекиел 16:52-58 MKB

52 Затоа носи го сега срамот на гревот со кој ги оправда своите сестри; заради гревот со кој се огрди повеќе од нив, тие излегоа поправедни. И така, засрами се, и носи го својот срам со кого ги оправда сестрите.

53 Јас ќе ги вратам нивните заробеници, заробениците на Содом и на нејзините ќерки, заробениците на Самарија и на нејзините ќерки; и меѓу нив твоите заробеници,

54 за да го носиш својот срам и за да се засрамиш за сè, што си направила, ним за утеха.

55 Твојата сестра Содом и нејзините ќерки ќе се вратат во поранешната состојба; твојата сестра Самарија и нејзините ќерки ќе се вратат во поранешната состојба; тогаш и ти и твоите ќерки ќе се вратите во поранешната состојба.

56 Зар не се спомнуваше твојата сестра Содом додека ти беше горделива,

57 пред да се открие твојата голота? Биди им сега за потсмев на едомските ќерки, на нејзините сосетки и на филистејските ќерки кои ти се потсмеваат од сите страни.

58 Ти трпиш заради твојот разврат и заради твоите гадости - говори Господ Бог.