56 Зар не се спомнуваше твојата сестра Содом додека ти беше горделива,
57 пред да се открие твојата голота? Биди им сега за потсмев на едомските ќерки, на нејзините сосетки и на филистејските ќерки кои ти се потсмеваат од сите страни.
58 Ти трпиш заради твојот разврат и заради твоите гадости - говори Господ Бог.
59 Зашто вака зборува Господ Бог: „Ќе постапам со тебе онака како што направи ти, кога ја згази заклетвата и го раскина заветот.
60 Но Јас пак ќе се спомнам за Мојот Завет што го склучив со тебе во деновите на твојата младост, и ќе воспоставам со тебе вечен сојуз.
61 И ти ќе си спомниш за твоите патишта и ќе се засрамиш кога ќе ги примам твоите сестри, постарата и помладата, кои ќе ти ги дадам за ќерки, но не со силата на својот сојуз.
62 Ќе склучам со тебе Свој Сојуз, и ќе знаеш дека Јас Сум Господ,