Езекиел 16:6-12 MKB

6 А јас поминав покрај тебе и видов како се прпелкаш во крв. И ти реков додека уште беше во крвта: ‘Живеј!’ Во твојата крв ти реков: ‘Живеј!’

7 Порасти како зеленило во полето! И те умножив и ти порасте и стана голема, и дојде време да созрееш. Градите ти се распапија, косата ти порасте, но уште беше гола и разголена.

8 Поминав покрај тебе и се загледав во тебе: и ете, твојата возраст - беше добра за љубов! Ги раширив врз тебе своите скутови и ти ја покрив голотата. Ти се заколнав и склучив завет со тебе - зборува Господ Бог - и ти стана Моја.

9 Те искапив во вода, ја измив крвта од тебе, и те помазав со масло.

10 Те облеков во шарени облеки, на нозете ти обув обувки од убава кожа; те опашав со тенко платно и те покрив со свилена покривка.

11 Те украсив со накити: на рацете ти ставив нараквици, околу вратот огрлици;

12 ти го украсив носот со прстен, ушите со наушници, а главата ти ја овенчав со најубав венец.