1 Ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине, смисли гатанка и раскажи му приказна на Израелевиот дом! Речи:
3 ’Господ Бог зборува вака: „Голем орел, со големи крила, со долги перја, со густи шарени перца, долета на Ливан и грабна кедрова гранка;
4 му го скрши највисокото гранче, го однесе во земјата на трговците, и го спушти во градот на трговците.
5 Потоа зеде семе од земјата, го посади во плодна нива, го стави покрај изобилни води, го засади како врба.