Езекиел 17:14-20 MKB

14 дека царството ќе остане незнатно и дека нема да се крева, туку дека ќе го пази и одржува сојузот со него.

15 Но тој се одметна од него; испрати пратеници во Египет барајќи од него коњи и силна војска. Дали ќе успее? Може ли да избега оној кој работи така?

16 Животот Ми Мој, говори Господ Бог: зашто го презре царот кој го постави на престол и дека го раскина сојузот со него ќе умре во неговата земја, среде Вавилон!

17 Со својата силна војска и со мноштво народ фараонот не ќе му помогне во бојот, кога оној ќе подигне насипи и ќе изгради опсадни стражарници, за да му сотре многу луѓе.

18 Ја презре заклетвата, го раскина сојузот. Да, иако ја имаше дадено раката, го направи сè тоа! Не, нема да избега.’”

19 Затоа Господ Бог зборува вака: „Животот Ми Мој, заклетвата што ја презре и Мојот сојуз што го раскина, ќе ги оборам врз неговата глава!

20 Ќе оптегнам мрежа над него, и ќе се фати во Мојата стапица, па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам заради неверата со која што ме изневери.