Езекиел 17:17-23 MKB

17 Со својата силна војска и со мноштво народ фараонот не ќе му помогне во бојот, кога оној ќе подигне насипи и ќе изгради опсадни стражарници, за да му сотре многу луѓе.

18 Ја презре заклетвата, го раскина сојузот. Да, иако ја имаше дадено раката, го направи сè тоа! Не, нема да избега.’”

19 Затоа Господ Бог зборува вака: „Животот Ми Мој, заклетвата што ја презре и Мојот сојуз што го раскина, ќе ги оборам врз неговата глава!

20 Ќе оптегнам мрежа над него, и ќе се фати во Мојата стапица, па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам заради неверата со која што ме изневери.

21 Светот на неговата војска ќе падне од меч, а остатокот ќе се распрсне во сите ветришта. И ќе познаете дека Јас, Господ реков така.”

22 Господ Бог зборува вака: „Од врвот на големиот кедар, од врвчето на неговите млади гранчиња, ќе скршам гранче и ќе го посадам на висока гора, на највисоката.

23 На највисоката израелева гора, ќе го посадам него: тоа ќе пушти гранчиња, ќе роди со плод, и секаков вид птици ќе живеат под него, под сенките ќе се населат.