21 Светот на неговата војска ќе падне од меч, а остатокот ќе се распрсне во сите ветришта. И ќе познаете дека Јас, Господ реков така.”
22 Господ Бог зборува вака: „Од врвот на големиот кедар, од врвчето на неговите млади гранчиња, ќе скршам гранче и ќе го посадам на висока гора, на највисоката.
23 На највисоката израелева гора, ќе го посадам него: тоа ќе пушти гранчиња, ќе роди со плод, и секаков вид птици ќе живеат под него, под сенките ќе се населат.
24 И сите полски дрва ќе знаат дека Јас Сум Господ, Кој го понижувам високото дрво, а на сувото дрво му давам да се раззеленува. Јас Господ, реков и ќе направам!”