Езекиел 17:3-9 MKB

3 ’Господ Бог зборува вака: „Голем орел, со големи крила, со долги перја, со густи шарени перца, долета на Ливан и грабна кедрова гранка;

4 му го скрши највисокото гранче, го однесе во земјата на трговците, и го спушти во градот на трговците.

5 Потоа зеде семе од земјата, го посади во плодна нива, го стави покрај изобилни води, го засади како врба.

6 Подникот из’рта, стана бујна лоза, ниска на раст, нејзините подници посегнаа кон орелот, а нејзините корења беа под него; се разви во бујна лоза, потера подници, ги разгранчи прачките.

7 Имаше и друг орел, голем и со големи крила, со густи перја. И ете, лозата протегна корења кон него, кон него ги насочи своите гранчиња за да ја напои подобро од почвата во која што беше посадена.

8 На плодна нива, покрај изобилни води, беше посадена: можеше да пушта прачки, да роди со плод, да порасте како величествена лоза.”‘

9 Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дали таа ќе успее? Не ќе и ли ги олупи орелот сите корења? Не ќе и ли ги истрга сите плодови? Не ќе ли и се исушат сите прачки, штом ќе никнат? Да, и без силни мишки, и без мноштво народ, ќе ја откорне од коренот!