Езекиел 17:8-14 MKB

8 На плодна нива, покрај изобилни води, беше посадена: можеше да пушта прачки, да роди со плод, да порасте како величествена лоза.”‘

9 Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дали таа ќе успее? Не ќе и ли ги олупи орелот сите корења? Не ќе и ли ги истрга сите плодови? Не ќе ли и се исушат сите прачки, штом ќе никнат? Да, и без силни мишки, и без мноштво народ, ќе ја откорне од коренот!

10 Ете, посадена е! Дали ќе успева? Штом ќе ја допре источниот ветар, не ќе ли се исуши сета? Да, во леите што никнува ќе овене.”‘“

11 Ми дојде Господовот слово:

12 ”Речи му на одметничкиот дом: ‘Зар не знаете што значи ова?’ Речи им: ‘Ете, Вавилонскиот цар дојде во Ерусалим, му ги зароби царот и сите кнезови, ги одведе кај себе во Вавилон.

13 Го одведе и подникот од царското колено, склучи сојуз со него и се обврза со заклетва, откако ги одведе сите силници од земјата,

14 дека царството ќе остане незнатно и дека нема да се крева, туку дека ќе го пази и одржува сојузот со него.