11 а не работи како неговиот родител, туку јаде по горите, ја обесчествува жената на ближниот;
12 му нанесува насилство на сиромашниот и бедниот, ограбува, не враќа што примил како залог, очите ги подига кон идолите, правејќи одвратности;
13 дава на заем со добивка и зема придобивка - не, таквиот син нема да живее! Ги направил тие гадости и ќе умре, а неговата крв ќе падне врз него.
14 А ако тој роди син кој ќе ги согледа сите гревови што ги направил неговиот татко, ако ги согледа и ако така веќе не направи;
15 не јаде по планините, очите не ги подига кон идолите на Израелевиот дом, не ја обесчествува жената на ближниот;
16 никому не му нанесува насилство, не го присвојува залогот, ништо не ограбува, го дели својот леб со гладниот, го облекува голиот;
17 раката ја воздржува од неправда, не зема печалба ни добивка, ги извршува Моите закони и оди по моите наредби - не, тој нема да умре заради татковиот грев, тој ќе живее.