Езекиел 18:21-27 MKB

21 Ако безбожникот се одврати од сите гревови што ги направил, ако ги чува сите Мои наредби и ги врши законот и правдата, ќе живее и нема да умре.

22 Сите негови неправди што ги направил ќе бидат заборавени: заради праведноста што ја прави, ќе живее.

23 Зашто зар ми е Мене до тоа да умре безбожникот - говори Господ Бог - а не да се одврати од сите свои лоши патишта и да живее?

24 Ако ли праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда и сите гадости што ги работи безбожникот - дали ќе живее? Сите праведни дела што ги правел ќе бидат заборавени, а заради својата невера со која што изневери и заради гревовите што ги направил, ќе умре.

25 А вие велите: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Чуј Израелев доме: Мојот ли пат не е праведен? Не се ли вашите патишта неправедни?

26 Ако праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда, па умре заради тоа, ќе умре заради неправдата што ја направил.

27 А ако безбожникот се одврати од својата безбожност што ја правел, па почне да ги врши Мојот закон и правда, ќе живее и нема да умре.