29 Но Израелевиот дом вели: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Моите патишта ли не се праведни, доме Израелев? Не се ли неправедни вашите патишта?
30 Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!
31 Отфрлете ги од себе сите гревови што ги правевте и направете си ново срце и нов дух! Зошто да умирате доме Израелев?
32 Јас не му ја сакам смртта на никој кој умира - говори Господ Бог. И така обратете се и живејте!”