Езекиел 18:7-13 MKB

7 никому не му нанесува насилство, го враќа земеното во залог и ништо не ограбува; го дели својот леб со гладните, го облекува голиот,

8 не дава на заем со добивка, ја воздржува раката од неправда, пресудува според вистината,

9 оди по Моите наредби и ги чува Моите закони, постапувајќи според вистината - тој е навистина праведен и тој ќе живее, зборува Господ Бог.

10 Но ако роди тој син разбојник, кој пролева крв, или ќе му направи нешто слично на братот,

11 а не работи како неговиот родител, туку јаде по горите, ја обесчествува жената на ближниот;

12 му нанесува насилство на сиромашниот и бедниот, ограбува, не враќа што примил како залог, очите ги подига кон идолите, правејќи одвратности;

13 дава на заем со добивка и зема придобивка - не, таквиот син нема да живее! Ги направил тие гадости и ќе умре, а неговата крв ќе падне врз него.