1 А ти, човечки сине, затажи со тажачка за Израелевите кнезови.
2 Речи: ‘Што беше твојата мајка? Лавица меѓу лавовите, лежеше меѓу лавчињата, хранејќи ги своите млади.
3 И исхрани едно младо, кое стана лав. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето!
4 Народите се здружија против него, лавот падна во нивната јама, го одведоа во вериги во Египетската Земја.
5 А кога мајката виде дека чека напразно и дека и пропадна надежта, зеде друго младо и направи лав од него.
6 Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето,