11 Имаше силна гранка за владетелска палка, се воздигна над венецот на стеблото, лична со височината, со многу гранчиња.
12 Но во гнев беше откорната и фрлена на земја. Источникот и го исуши родот: се скрши и овена нејзината силна гранка, и огнот ја голтна.
13 Беше пресадена во пустина, во сува земја безводна.
14 Но се разгоре пламен од нејзината прачка и и ги спали гранките и плодовите! И нема веќе врз неа силна гранка за владетелска палка.’” Еве, тоа е тажачка и ќе остане тажачка.