Езекиел 2:1-7 MKB

1 И ми рече: „Човечки сине, на нозе исправи се, за да зборувам со тебе!”

2 И Дух влезе во мене, бидејќи ми проговори, та ме подигна на нозете, и јас го чув гласот на Оној Кој ми зборуваше.

3 И ми рече: „Човечки сине, те испраќам кај Израелевите синови, кај одметничкиот народ што се побуни против Мене. Тие и нивните татковци грешеа против Мене сè до денешниот ден.

4 Те испраќам кај синовите со тврд поглед и со закоравено срце. Речи им: ‘Господ над Војските зборува вака!’

5 И послушале тие или непослушале - род се бунтовнички - нека знаат дека пророкот е меѓу нив.

6 А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички.

7 Зборувај им ги моите зборови, послушале тие или непослушале, зашто се одметнички род.