Езекиел 2:4-10 MKB

4 Те испраќам кај синовите со тврд поглед и со закоравено срце. Речи им: ‘Господ над Војските зборува вака!’

5 И послушале тие или непослушале - род се бунтовнички - нека знаат дека пророкот е меѓу нив.

6 А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички.

7 Зборувај им ги моите зборови, послушале тие или непослушале, зашто се одметнички род.

8 А ти човечки сине, послушај што ќе ти речам сега: Не биди одметник како што се тие одметнички род! Отвори ја устата и проголтај го тоа што ќе ти го дадам сега!”

9 И погледнав, а ете кон мене испружена рака и во неа, ете, книжен свиток.

10 И свитокот се одвитка пред мене: беше испишан однадвор и одвнатре, а во него напишано: „Плач! Ридање! Лелек!”