13 Искушението дојде, и веќе не ќе има отфрлен жезал - говори Господ Бог.
14 А ти човечки сине, пророкувај и плескај со рацете. Нека се удвои, нека се утрои, тој меч на колеж, меч на голем колеж што ги опкружува отсекаде.
15 За да затреперат срцата, за да бидат неброени жртви, поставив меч на секоја врата, подготвен како молња да светка, наострен за колежи.
16 Назад! Десно! Напред! Лево!
17 И Јас ќе плескам со рацете, ќе го излеам Својот гнев врз нив Јас, Господ, реков!”
18 И ми дојде Господово слово:
19 ”Човечки сине, зацртај два пата каде да тргне мечот на вавилонскиот цар. Двата пата нека излегуваат од иста земја! На раскрсницата на патот кон градот остави патоказ.