Езекиел 21:18-24 MKB

18 И ми дојде Господово слово:

19 ”Човечки сине, зацртај два пата каде да тргне мечот на вавилонскиот цар. Двата пата нека излегуваат од иста земја! На раскрсницата на патот кон градот остави патоказ.

20 Зацртај му на мечот пат за да дојде во Рава Бе-Амон и во Јудеја, во утврдениот Ерусалим.

21 Зашто вавилонскиот цар стои на почетокот на патот, на двата пата, и ги прашува знаците - ги меша волшебните стрели, ги распрашува идолите и гледа во црн дроб.

22 Знаците во десницата му велат: на Ерусалим; за да намести таму ѕидокршачи, да нареди колеж, да подигне ѕидокршачи против вратите, да насипе насип и да изгради опсадни стражарници.

23 Но ним ќе им се стори дека знакот е лажен, зашто му се заколнаа на верност. Но тогаш тој ќе ги потсети на нивното неверство во кое се фатија.

24 Затоа, Господ Бог зборува вака: ‘Зашто непрекратно потсетувате на своите беззаконија, откривајќи ги опачините и покажувајќи ги гревовите во сите свои дела - да, зашто непрекратно потсетувате на нив, во нив ќе се фатите.