Езекиел 21:26-32 MKB

26 Господ Бог зборува вака: ‘Извади ја капата од главата и остави го царскиот венец! Зашто сè се менува: кој беше долу, ќе биде возвишен, а кој беше горе ќе биде понижен.

27 урнатини, урнатини, ќе поставам урнатини какви што не биле, додека не дојде Оној Кој ќе суди, зашто Јас ќе Му Го предадам судот.’

28 Човечки сине, пророкувај: ‘Вака им зборува Господ Бог на Амоновите синови за нивниот срам.’ Речи: ‘Меч! Меч истрган и наострен за колеж, за да сече, за да светка како молња,

29 а дотогаш тебе напразно ти привидуваат, ти пророкуваат лага - за да се стави под вратот на злогласните злосторници, на кои ете, им дојде денот и часот на последниот злочин!

30 Но врати го мечот во ножницата! Во местото каде што си станал, во земјата во која што си се родил, Јас ќе ти судам.

31 Таму ќе го излеам Својот гнев врз тебе и ќе го раздувам против тебе пламенот на Својата расрденост, и ќе те предадам во рацете на жестоки луѓе, вешти погубувачи.

32 И ќе му бидеш храна на огнот, а твојата крв ќе тече по земјата. И никој жив веќе не ќе те спомнува! Зашто Јас Господ, реков така.’”