7 Ако ли те прашаат: ‘Што лелекаш толку?’ Речи им: ‘Заради веста што пристигна, од која ќе премрат сите срца и ќе се обесилат сите раце, секој дух ќе биде нерасположен и секое колено ќе трепери. Еве, доаѓа, веќе е тука!’ Така зборува Господ.”
8 И ми дојде Господово слово:
9 ”Човечки сине, пророкувај: ‘Вака зборува Господ Бог. Речи: ‘Меч! Меч! Наострен и светнат!
10 Наострен за колеж, светнат за да светка.
11 Светнат за да го прифати рака, наострен меч, светнат, за да се стави во раката на убиецот.’
12 А ти, човечки сине, плачи, тажи! Зашто еве, мечот е веќе извлечен против Мојот народ, меч против Израелевите кнезови: сите тие со Мојот народ му се предадени на мечот! Затоа удри се во слабините.
13 Искушението дојде, и веќе не ќе има отфрлен жезал - говори Господ Бог.