Езекиел 28:10-16 MKB

10 Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’”

11 И ми дојде Господово слово:

12 ”Човечки сине, залелекај тажачка над тирскиот цар. Речи му: ‘Господ Бог зборува вака: „Ете, ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав!

13 Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени.

14 Те поставив како раскрилен херув, заштитник: беше на светата Божја Гора, одеше сред огнено камење.

15 Совршен беше по своите патишта од денот на своето создавање додека не ти се зачна беззаконие во срцето.

16 Тргувајќи изобилно се наполни со насилство и згреши. Така те отфрлив од Божјата Гора, те истргав, херуву заштитнику, од средината на огнените камења.