Езекиел 28:19-25 MKB

19 Сите кои те познаваат меѓу народите, се згрозија над тебе! Зашто ти стана страшило, те снема засекогаш!”‘“

20 И ми дојде Господово слово:

21 ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сидон, пророкувај против него.

22 Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, Сидону, против тебе, ќе се прославам сред тебе! И ќе се знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го извршам судот над нив, и кога ќе ја покажам Мојата светост во него.

23 И ќе го испратам поморот против него и крв по неговите улици; и мртви ќе паѓаат сред него од меч што ти се заканува отсекаде, и тогаш ќе се знае дека Јас Сум Господ.

24 И веќе не ќе има за Израелевиот дом трн што ранува ниту осило што раскинува меѓу сите наоколу што го презираат! И ќе се знае дека Јас Сум Господ Бог!”

25 Господ Бог зборува вака: „А кога ќе го соберам сиот Израелев дом од народите низ кои се распрснати, ќе ја пројавам во нив Мојата светост пред очите на народите. И ќе се настанат во својата земја, што му ја дадов на Мојот слуга Јаков.