Езекиел 28:2-8 MKB

2 „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото.

3 Ете, беше помудар од Даниел, ниедна тајна не ти беше скриена!

4 Со својата мудрост и разум насобра богатства, ја наполни ризницата со сребро и злато!

5 Со твојата голема мудрост со посредство на твојата трговија го умножи твоето богатство! Но твоето срце се возгордеа од богатството.”

6 Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото,

7 еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината,

8 ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина!