8 ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина!
9 Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци.
10 Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’”
11 И ми дојде Господово слово:
12 ”Човечки сине, залелекај тажачка над тирскиот цар. Речи му: ‘Господ Бог зборува вака: „Ете, ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав!
13 Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени.
14 Те поставив како раскрилен херув, заштитник: беше на светата Божја Гора, одеше сред огнено камење.