1 И ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Ридајте: ‘О несреќен ден!’
3 Зашто денот наближува, наближува Господовиот ден! Ден облачен, време одредено за народите.
4 И меч ќе влезе во Египет а стравот ќе ја опфати Етиопија, кога ќе почнат мртвите да паѓаат по Египет и кога ќе биде ограбено неговото богатство та кога ќе му ги срушат сите основи.
5 Етиопија, Пут и Луд сета Арабија и Хув (Либија) и синовите на земјата на Сојузот заедно ќе загинат од меч!”
6 Господ Бог зборува вака: „Ќе паднат оние кои го потпираат Египет, и ќе се сурне гордоста на неговата сила од Мигдол до Син, сè во него ќе падне од меч - говори Господ Бог.
7 Тој ќе биде пустина меѓу запустените земји, а неговите градови урнатини меѓу разурнатите градови.