15 Ќе излеам гнев над Син, египетската тврдина, ќе истребам мноштво во Нов.
16 Ќе запалам оган под Египет: Син ќе се стресе од ужас, Нов ќе биде освоен, а Мемфис во тешкотија ден по ден.
17 Младите на Хелиопол и на Пи-Весет ќе паднат од меч. А тие ќе бидат одведени во ропство!
18 Над Тафнис ќе се стемни денот кога ќе го скршам таму египетскиот јарем, и кога ќе се докрајчи гордоста на силата во него! Облак ќе се наднесе над него, и неговите ќерки ќе бидат одведени во ропство!
19 Така ќе го извршам судот над Египет, и ќе знаат дека Јас Сум Господ.”‘“
20 Во единаесетата година, во првиот месец, на седмиот ден, ми дојде Господовото слово:
21 ”Човечки сине, ете, ја скршив мишката на фараонот, египетскиот цар! И еве, не ја ни завиткаа: не ставија лекови ниту ја преврзаа со завои за да ја закрепат, како би можела пак да има сила да прифати меч.