21 ”Човечки сине, ете, ја скршив мишката на фараонот, египетскиот цар! И еве, не ја ни завиткаа: не ставија лекови ниту ја преврзаа со завои за да ја закрепат, како би можела пак да има сила да прифати меч.
22 Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Еве Ме против фараонот, египетскиот цар, за да му ги скршам обете раце, и здравата и скршената, и за да му го исфрлам мечот од раката!
23 Ќе ги разгонам Египетците меѓу народите и ќе ги расеам по земјите!
24 Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар и ќе го ставам Својот меч во неговата рака; а на фараонот ќе му ги скршам рацете, та ќе офка пред непријателот како ранет.
25 Да, ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар, а фараоновите раце ќе се истоштат. И ќе знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го ставам Мојот меч во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го размавта над Египетската Земја.
26 Ќе ги распрснам Египетците меѓу народите и ќе ги расеам по земјите. И ќе знаат дека Јас Сум Господ.’”