Езекиел 30:9-15 MKB

9 Во оној ден ќе испловат гласници од Мене за да ја застрашат безгрижната Етиопија. И стравот ќе ја зафати во египетскиот ден. Зашто, еве наближува!”

10 Господ Бог зборува вака: „Ќе го уништам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар!

11 Тој и неговиот народ со него - најсвиреп меѓу народите - ќе бидат доведени за да ја сотрат земјата. И тие ќе извлечат меч против Египет и сета земја ќе му ја исполнат со трупови.

12 А Јас ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на силниците, ќе ја запустам земјата и што е во неа, со раката на туѓинците. Јас Господ реков!”

13 Господ Бог зборува вака: „Ќе ги разурнам идолите и ќе ги истребам лажните богови во Мемфис, и не ќе има веќе кнезови во Египетската Земја.

14 Ќе го запустам Патрос, ќе го запалам Соан, ќе извршам суд врз тебе.

15 Ќе излеам гнев над Син, египетската тврдина, ќе истребам мноштво во Нов.