1 Ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине, зборувај им на синовите на својот народ! Речи: ‘Ако Јас доведам меч на некоја земја, а народот на таа земја земе еден од меѓу себе и го постави за стражар,
3 а тој - гледајќи дека мечот доаѓа против земјата - затруби во рог и го опомене сиот народ:
4 ако тогаш оној кој ќе го чуе гласот на трубата а не остава да биде опоменат, та мечот дојде и го погуби - неговата крв ќе падне на негова глава: