Езекиел 33:13-19 MKB

13 Ако му речам на праведникот: ‘Ќе живееш!’ а тој почне да се надева во својата праведност и почне да прави неправда, ќе ја заборавам сета негова праведност, и тој ќе умре заради неправдата што ја направи!

14 Ако му речам на безбожникот: ‘Ќе умреш!’ а тој се одврати од својот грев и почне да прави по законот и правдата;

15 го враќа залогот, го плаќа ограбеното, не правејќи беззаконија - ќе живее, нема да умре!

16 И сите гревови што ги имаше направено ќе му бидат заборавени. Работи според законот и правдата, ќе живее!

17 Но синовите на твојот народ говорат: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Нивниот пат не е праведен!

18 Ако праведникот се одврати од својата правда и почне да прави неправда, тој ќе умре заради тоа.

19 А ако безбожникот се одврати од својата безбожност и почне да работи според законот и правдата, тој ќе живее заради тоа.