Езекиел 33:21-27 MKB

21 Во дванаесетата година, во десетиот месец, во петтиот ден на нашето поробување, кај мене дојде бегалец од Ерусалим и рече: „Градот падна!”

22 Господовата рака се спушти врз мене приквечер пред доаѓањето на тој бегалец, и ми ја отвори устата пред тој да дојде кај мене наутро! И така, ми се отвори устата и јас веќе не бев нем.

23 И ми дојде Господово слово:

24 ”Човечки сине, оние кои што живеат во овие урнатини на Израелевата Земја говорат: ‘Еден беше Авраам, и ја наследи оваа земја, а ние сме многу - нам ни е дадена земјата во сопственост!’

25 Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Вие јадете по горите, ги подигате своите очи кон идолите, пролевате крв - и уште да ја имате во сопственост оваа земја?

26 Се потпирате врз својот меч, правите гадости, ја обесчестувате жената на својот ближен - и уште да ја имате во сопственост оваа земја?”‘

27 Речи им го ова: ‘Господ Бог зборува вака: „Животот Ми Мој, оние кои се во урнатините, ќе загинат од меч; оние кои се во полето, ќе ги дадам на ѕверовите да ги проголтаат, а кои се во тврдините и во пештерите, ќе загинат од помор!