14 Ќе ги пасам по прекрасни пасишта, трлата ќе им бидат на високите Израелеви гори; таму ќе одмараат во добри овчарници и ќе пасат по сочни пасишта, по Израелевите гори.
15 Самиот ќе ги пасам Своите овци и Самиот ќе им дадам починка - зборува Господ Бог.
16 Ќе ја побарам загубената, ќе ја доведам назад заскитаната, ќе ја преврзам ранетата и ќе ја поткрепам немоќната, ќе бдеам над дебелата и силната - ќе ги пасам праведно.”
17 А вам, овци Мои, Господ Бог ви зборува вака: „Еве Ме за да судам меѓу овца и овца, меѓу овните и јарците!
18 Зар ви е малку да пасете на добро пасиште, та остатокот од пасењето го газите со нозете?
19 А Моите овци треба да го пасат тоа што вие го изгазивте со нозете, да го пијат тоа, што го замативте со нозете.”
20 Затоа Господ Бог зборува вака: „Еве Ме за да судам меѓу дебелата и слабата овца!