Езекиел 34:25-31 MKB

25 И ќе склучам со нив Завет на мир, и ќе ги отстранам од земјата сите диви ѕверови, и ќе живеат мирно во пустината и ќе спијат по горите.

26 Ќе ги направам благослов нив и сите околу Мојот Рид и ќе им дадам дожд на време, и тоа ќе биде дожд на благослов.

27 И полските дрва ќе донесуваат плодови, а земјата ќе го даде својот род. И тие ќе живеат мирно во Својата земја, и ќе знаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скршам жезлите на нивниот јарем и кога ќе ги избавам од рацете на оние што ги поробија.

28 И не ќе бидат веќе плен на народите, а ѕверовите веќе не ќе ги јадат лакомо, туку ќе живеат мирно, и никој не ќе ги плаши.

29 И ќе направам да станат бујни нивните славни садници, и гладот веќе не ќе ги сотира во земјата, веќе не ќе го поднесуваат срамот на народите.

30 И ќе знаат дека Јас Сум Господ, нивниот Бог со нив, и дека тие се Израелевиот дом, Мој народ - говори Господ Бог.’”

31 Вие, овци Мои, вие сте стадо на Моето паство, вие луѓето; а Јас Сум ваш Бог - говори Господ Бог.’”