Езекиел 34:7-13 MKB

7 Затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

8 ”Животот Ми Мој, говори Господ Бог: затоа што моите овци им станаа плен и храна на ѕверовите, немајќи пастир, додека Моите пастири не ги бараа Моите овци, туку се пасат самите себе, а не го пасат Моето стадо” -

9 затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

10 Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против пастирите! Ќе ги барам Своите овци од нивните раце, и не ќе им дадам веќе да Ми го пасат стадото ниту самите себе да се пасат: ќе ги истргам овците од нивната уста, не ќе имаат веќе храна.”

11 Зашто вака зборува Господ Бог: Еве ме, Самиот ќе ги побарам Моите овци и Самиот ќе ги пасам!

12 Како што пастирот се грижи за своите овци кога ќе се најде покрај распрснатото стадо, и Јас ќе се погрижам за Моите овци и ќе ги соберам од сите места во кои што се распрснаа во денот на облак и мрак.

13 Ќе ги изведам од народите, ќе ги соберам од земјите и ќе ги доведам во нивната земја за да ги пасам по Израелевите гори, по сите речни долини и по сите населени места во нивната земја.