Езекиел 36:14-20 MKB

14 ти веќе не ќе ги голташ лакомо луѓето, ниту ќе му ги одземаш децата на својот народ - зборува Господ Бог.

15 Не дозволувам веќе да го слушаш укорот на незнабожците, не давам веќе да им бидеш за срам на народите; нема веќе да им ги одземаш децата на својот народ - говори Господ Бог.’”

16 Ми дојде Господвото слово:

17 ”Човечки сине, кога Израелевиот дом уште живееше во својата земја, ја обесвети со своите неправди и со своите патишта. Нивните патишта беа пред Мене како нечистота на нечиста жена.

18 И затоа го излеав Својот гнев заради крвта што ја пролеаја и заради идолите со кои се обесветија.

19 Ги распрснав меѓу народите и ги расеав по земјите. Им судев според нивните патишта и неправди.

20 Ама во народите меѓу кои дојдоа, меѓу сите народи во кои стигнаа, го обесветуваа Моето свето име, зашто за нив се зборуваше: ‘Тоа е Господовиот народ, а требаше да си отиде од Господовата земја!’