Езекиел 36:33-38 MKB

33 Господ Бог зборува вака: „А кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, ќе ги населам пак вашите градови и ќе ги изградам урнатините;

34 запустената земја, некогаш пустина пред очите на секој минувач, пак ќе биде обработена.

35 Тогаш ќе се рече: ‘Еве ја земјата што беше пуста, а стана како Еденската Градина! Ете, градовите што беа пусти, само урнатини и разурнатини, а сега се утврдени и населени!’

36 И народот околу вас што остана ќе познае дека Јас, Господ, разурнатото пак го градам, и тоа што беше запустено, пак го садам. Јас, Господ, реков и ќе направам!”

37 Господ Бог зборува вака: „Еве, уште во тоа ќе ја пројавам Мојата милост кон Израелевиот дом: ќе им ги умножам луѓето како стада.

38 Како што има многу овци во Ерусалим во време на неговите празници, така ќе бидат полни со луѓе запустените градови; и ќе знаат дека Јас Сум Господ.”‘“