Езекиел 39:12-18 MKB

12 И домот Израелев ќе ги закопува седум месеци за да ја очистат земјата.

13 И сиот народ ќе ги закопува, ќе им биде славен денот во кој ќе се прославам, говори Господ Бог.

14 Ќе изберат луѓе да поминуваат непрекратно низ земјата, со помош на минувачите ќе ги закопуваат останатите на земјата, за да ја очистат; а после седум месеци ќе направат проверка.

15 И кога некој, минувајќи низ земјата, ќе види човечки коски, ќе подигне покрај нив надгробник додека гробарите не ги закопаат во долината Хамон-Гога.

16 Хамона е име и на градот. И така, ќе ја очистат земјата.”‘

17 А ти, човечки сине, Господ Бог зборува вака: ‘Речи им на птиците, на сè што е крилесто и на сите ѕверови: „Соберете се и дојдете! Соберете се отсекаде на Мојата жртва, што ја колам за вас, на големата гозба по Израелевите гори, за да се најадете месо и за да се напиете крв.

18 Најадете се месо од јунаци и напијте се крв од земните кнезови, од овни, од јагниња, од јарци, од јунци, од згоен васански добиток!