18 Најадете се месо од јунаци и напијте се крв од земните кнезови, од овни, од јагниња, од јарци, од јунци, од згоен васански добиток!
19 Најадете се мрсно до наситување и напијте се до опијанување од крвта на Моите жртви што ви ги заклав за вас.
20 Наситете се на мојот стол со коњи и коњаници, со јунаци и секакви војници! - зборува Господ Бог.
21 Таќа ќе се прославам меѓу народите, и сите народи ќе ги видат судот што ќе го извршам и раката што ќе ја дигнам против нив.
22 Ќе знае Израелевиот дом дека Јас Сум Господ, нивниот Бог - од тој ден засекогаш.
23 И ќе знаат народите дека Израелевиот дом беше одведен во ропство заради своите престапи: Ме изневери па го скрив Моето лице од нив и ги предадов во рацете на нивните непријатели, за да загинат од меч.
24 Постапив со нив според нивната нечистота и според нивните престапи, и го скрив Моето лице од нив.”‘