24 Постапив со нив според нивната нечистота и според нивните престапи, и го скрив Моето лице од нив.”‘
25 Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Сега ќе го вратам Јакововото робје и ќе го помилувам сиот Израелев дом - ревнив на Моето свето име,
26 ќе им го простам: срамот и сите неверства со кое што Ме изневерија додека уште живееја спокојно во земјата и немаше никој за да ги заплашува.
27 А кога ќе ги доведам од народите и ќе ги соберам од непријателските земји, и кога врз нив пред очите на многу народи, ќе ја покажам Мојата светост,
28 ќе знаат дека Јас Сум Господ, нивниот Бог, Кој ги одведе во ропство меѓу народите и Кој пак ќе ги собере во нивната земја, не оставајќи онаму ниту еден од нив.
29 И никогаш веќе не ќе го кријам лицето од нив, зашто Мојот Дух го излеав врз Израелевиот дом’- зборува Господ Бог.”