Езекиел 41:12-18 MKB

12 Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.

13 Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти.

14 Широчината на челото на Храмот со заградениот простор кон исток: сто лакти.

15 Тој ја измери должината на зданието вдолж заградениот простор што беше одназад и ходниците од едната и од другата страна: сто лакти.

16 Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сè наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени.

17 Од влезот сè до внатрешноста на Храмот, а така и однадвор, сè по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор,

18 беа ликови на херуви и палми. По една палма меѓу два херува, а секој херув имаше две лица: