Езекиел 41:16-22 MKB

16 Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сè наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени.

17 Од влезот сè до внатрешноста на Храмот, а така и однадвор, сè по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор,

18 беа ликови на херуви и палми. По една палма меѓу два херува, а секој херув имаше две лица:

19 кон палмата од едната страна човечко лице, а кон палмата од другата страна лавско лице. Така беше по сиот Храм сè наоколу:

20 од земјата до над вратата беа наделкани херуви и палми, а така и по ѕидот на Храмот.

21 Довратниците на Храмот беа четириаглести. И Светилиштето имаше таков вид, како што видов.

22 Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!”