20 од земјата до над вратата беа наделкани херуви и палми, а така и по ѕидот на Храмот.
21 Довратниците на Храмот беа четириаглести. И Светилиштето имаше таков вид, како што видов.
22 Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!”
23 И Храмот и Светилиштето имаа по две врати,
24 а секоја врата по две крила што се вртеа. Две крила на едната и две крила на другата врата.
25 А на вратите на Храмот беа ископаничарени херуви и палми, како што беа изделкани и по ѕидовите. Надвор пред тремот беше дрвена надстреа.
26 Прозорците со решетките и палмите беа од едната и од другата страна на тремот, во страничните простории на Домот и на стреите.